Процедура за Замена на Производ
Доколку производот што го купивте не ви одговара по број или не ви се допаѓа, ви нудиме можност да го замените за друг број или друг производ со иста или повисока цена.

Услови за Заменa

Контакт во рок од 24 часа:
Задолжително е да не контактирате истиот ден по примање на нарачката. Доколку контактот се направи подоцна од 24 часа, замената нема да биде прифатена и ќе се смета дека сакате да го задржите производот.

Како да стапите во контакт со нас:
За да ја започнете процедурата за замена, потребно е да не контактирате на нашиот Instagram @ambarmk или Facebook профил AMBAR.MK.
Таму ќе ви испратиме постапки/чекори и насоки како се прави замената.

Состојба на Производот:
Производот мора да биде вратен во истата состојба во која е примено, со декларација, баркод и не носен.

Чување на Испратницата:
За да се направи замена, потребно е да ја чувате испратницата од производот што сакате да го вратите (документ кој го добивате внатре во кесата со производот што претходно сте го нарачале).

Трошоци за Испорака:
Клиентот е одговорен за плаќање на трошоците за испорака при враќање на производот и истата се плаќа само 130 ден. 

Време за Обработка на Замени
Откако ќе ја примиме нарачката за замена, истата може да одземе до 15 работни дена за да се процесира. (доколку има државни празници и викенди доставата може да трае и подолго од вообичаено)

ВАЖНО: ЗАМЕНА ЗА НАРАЧКА МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ САМО ЕДНАШ! ДОКОЛКУ НОВАТА НАРАЧКА ВИ Е ЗА ЗАМЕНА ЗА ИСТАТА НЕ МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ НОВА ЗАМЕНА!

Благодариме што пазарувате кај нас и се надеваме дека ќе бидете задоволни со вашиот нов производ!

cultureSettings.RegionId: 0 cultureSettings.LanguageCode: MK